ЧСМ Букурешт има буџет со 10 цифри

Photo: SCM Bucharest

Дека женска ракометна лига на Романија е финансиски најсилната женска ракометна лига не е спорен факт. Милионски суми се вложуваат во овој спорт во Романија, но главно се гледаат цифрите на сениорските екипи. Вкупниот буџет, пак, со кој располагаат а кој ги содржи сите нивни категории и трошоци изгледа, поинаку, многу поинаку. 

Привремениот градоначалник на Букурешт, Стелијан Бујдовеану, за романските медиуми откри колку е вистинскиот буџет за екипата на ЧСМ Букурешт, женскиот првак на Романија. Сумата од околу 4,5 милиони евра за сениорскиот тим која неофицијално се споменуваше низ сезоните е само дел од буџетот на клубот. 

ЧСМ Букурешт има годишен буџет од 70 милиони леи или околу 13.8 милиони евра!

Во оваа сума се пресметани и младинските категории чии трошоци ги покрива градот, а во клубот има околу 700 деца, па затоа велат дека сумата од 13.8 милиони евра и не е толку голема колку што изгледа.

Поврзани вести