Македонија во последен шешир во ждрепката за ЕП 2026

Квалификациите завршија, Македонија се протна на ЕП 2026 и во четврток ќе биде дел од ждрепката за групната фаза на ЕП 2026.

Шеширите со носители се составени според веќе утврдена формула, а според неа петте домаќини мораа да бидат сместени веднаш зад екипите што беа директно пласирани на ЕП и тие што ги освоија првите места во квалификациските групи. Така овие пет репрезентации се најдоа во вториот и третиот шешир и ги истуркаа репрезентациите на Србија и Хрватска во последниот, четврти шешир.

За репрезентацијата на Македонија немаше опции, таа како третопласирана во квалификациите, од старт беше сметстена во четвртиот шешир.

Бројноста на организаторите влијаеше и на уште еден момент, а тоа е распределбата на по едно место во секоја група. Домаќините се сметстени во своите зејми, а единстваната репрезентација што беше рачно одбран е Унгарија и таа ќе игра во Орадеа, а тоа е град што е веднаш зад границата меѓу Унгарија и Романија, меѓу градовите Сегед и Дебрецин.

Според формулата за одредување на носители во групите, шеширите се спремни и изгледаат вака:

Прв шешир: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Втор шешир: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Трет шешир: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Четврт шешир: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција


Извлекувањето во Катовице е закажано за во 18:00 часот в четврток.




Унгарија ќе игра во групата „А“ во Орадеа, Романија

Романија ќе игра во групата „Б“ во Клуж, Романија
Турција ќе игра во групата „Ц“ во Анталија, Турција
Чешка ќе игра во групата „Д“ во Брно, Чешка

Полска ќе игра во групата „Е“ во Катовице, Полска

Словачка ќе игра во групата „Ф“ во Братислава, Словачка




Домаќин на финалниот викенд ќе биде Катовице, 18-20 декември 2026

 

Поврзани вести