Познати се термините за Македонија на училишниот мундијал!

По одржаниот технички состанок, во пресрет на Светското првенство во училишен ракомет, познати се термините за настап на македонските кадетски селекции.
Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, а само првопласираната репрезентација ќе обезбеди место во полуфиналето.
Натпреварите ќе се играат според следниот распоред:

РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА - (М)
Сала: Македонско Сонце
22.04.2026 (10:30 часот) Македонија - Бугарија,
23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија
26.04.2026 (14:30 часот) С.Арабија - Македонија


Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Петровец, а првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во полуфиналето.
Натпреварите на македонскиот на женскиот турнир ќе се играат според следниот распоред:


РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА - (Ж)
Сала: „Крсте Мисирков“ - Петровец

22.04.2026 (10:30 часот) Белгија – Македонија
23.04.2026 (10:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Словачка

Поврзани вести