Photo ©
CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Германците отидоа чекор напред во организацијата на натпреварите и практично и буквално зачекорија по новата дигитална ера.
Ланксес Арена во Келн беше домаќин на Фајналфор турнирот во Куп на Германија. Победник е Берлин, второто место е за Бергишер, трет е Лемго, а на четвртото место заврши тимот на актуелниот европски првак Магдебург.
Двата пораза на Магдебург и првиот Куп пехар за Берлин во оваа деценија се резултатско одбележување, но тоа што го направи посебен овој Куп е теренот на Ланксес Арена.
Овие натпревари се играа на „стаклен“ под, практично целиот терен беше огромна лед реклама што нуди неограничен број на опции за рекламирање, кореографии и слично.
Сѐ што што замислија медија и маркетинг заедно со организаторите, оживеа на подот во Ланксес Арената.
Ракометарите немаа забелешки на подот, а беше спроведена опширна анкета меѓу нив по одигрувањето на натпреварите.