Две звучни имиња доаѓаат кај Брестовац во Ал Араби

Грузискиот ракометар Георги Чковербадѕе, ракометар на хрватскиот шампион Загреб и кубанскиот ракометар Педро Валдез, ракометар на романскиот првак Динамо Букурешт, заедно со украинскиот бек Игор Турченко се засилувањата за екипата на Ал Араби каде што тренер е македонскиот стручњак Данило Брестовац. Грузиецот е десен, Валдез е лев бек и сега надворешната линија на Ал Араби каде што игра Нтанзи Саду од Франција изгледа прилично опасно, а клубот заедно со Ал Калеј од С. Арабија кој исто така многу се засили станува еден од топ фаворитите за освојување на првенството.

Поврзани вести