Гарсија Парондо си оди, доаѓа Јарон Сиверт

© Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Најавата за големата тренерска смена на реалација Мелсунген – Пари Сен Жермен, денеска доби официјална потврда.
Германскиот клуб го промовираше Јарон Сиверт за тренер од сезоната 2027/28. Тој доаѓа на местото на Роберто Гарсија Парондо кој направи голем успех со клубот и преку ЕХФ Европската лига го внесе Мелсунген во Лигата на шампионите што е нивниот најголем успех во клупската историја.
Роберто Парондо ја води екипата во Лигата на шампионите и потоа, откако ќе му истече договорот заминува од Германија и продолжува како тренер на Пари Сен Жермен.

Јарон Сиверт, пак, направи историски успех со екипата на Фуксе Берлин со која играше во финалето на Лигата на шампионите и прв пат во клупската историја стана шампион на Германија.
Но, првиот човек на Берлин има мото дека најголемите грешки се прават во време на најголемите успеси и долгорочно не го гледаше Сиверт како решение за Берлин, па брзо стигна и разделбата. Сиверт беше во Берлин од 2020 до 2025 и откако раскина со „лисиците“ беше без ангажман. Дали ќе остане да одмори и следната сезона пред да се фати со работа во Мелсунген, засега е отворено прашање.


 

Поврзани вести