ВЕСТИ: Кил без Европа по 33 години, Дебрецен го освои младинскиот трофеј на ЕХФ...

Photo: EHF/Kolektiff

Најпознатиот ракометен тим во светот, Кил, ја комплетираше најлошата сезона во последните 23 години и е можно да остане без пласман во Европа по цели 33 години континуирано играње. Катастрофалната сезона беше крунисана со пораз од Лемго во последното коло (31-34). По ова екипата на Лемго се израмни со нив со бројот на бодови, но има подобра вкупна гол разлика, па Лемго заврши на петтото место, а Кил сезонава е само шести.

Екипата на Дебрецен, односно Академијата на Дебрецен е победник на Младинскиот Клупски Трофеј на ЕХФ во женска конкуренција. Во финалето на турнирот што се одигра како предигра на натпреварите од Ф4 во Лигата на шампионите, Академијата на Дебрецен по продолженија беше подобра од екипата на ЧСМ Букурешт.

Полскиот Келце официјално преку Социјалните медиуми се поздрави со словенечкиот голман Клемен Ферлин. Овој словенечки ракометар низ шпекулациите беше поврзуван со неколку екипи од регионов, но засега нема потврда каде ќе ја продолжи кариерата.

Поранешниот ракометар на Металург, Вања Илиќ по седум години верност ќе се раздели со француската екипа Шарт. Неговиот нов клуб е исто така од Франција, а тоа е екипата на Екс Прованс.

Поврзани вести