-
10.6.2026
-
Македонски ракомет
Македонската репрезентација ги доби противниците за јануарското СП што ќе се одржи во Германија. Тоа ќе биде посебно СП, затоа што е квалификациско за Олимписките игри што ќе се оджат во Лос Анџелес 2028 година и сите поамбицизиони учесници во својата агенда имаат зацртано пласман во 1/4 финалето што значи и пласман на ОИ или во квалификациите.
Патот до 1/4 финалето нема да биде лесен за никого, а денешната ждрепка имаше голема улога во одредувањето на шансите на репрезентациите за остварување на целта.
Пред ждрепката ја посакувавме групата со Германија што ќе се игра во Минхен. Тој џек пот го доби Србија. Македонија доби тешка и непосакувана група во која се Исланд, Бахраин и Јапонија. И уште полошо, вкрстување со Данска, Словенија, Ангола, САД... Плус играње во Магдебург во Прелиминарната рунда и преселба во Хановер во Главната.
ГРУПА А – МИНХЕН
Германија, Србија, Тунис, Уругвај
ГРУПА Б – ШТУТГАРТ
Египет, Италија, Капе Верде, С. Арабија
ГРУПА Ц – МИНХЕН
Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција
ГРУПА Д – ШТУТГАРТ
Аргентина, Франција, Бразил, Кувајт
ГРУПА Е – КИЛ
Шведска, Норвешка, Грција, Катар
ГРУПА Ф – МАГДЕБУРГ
Португалија, Ф. Острови, Полска, Алжир
ГРУПА Г – КИЛ
Данска, Словенија, САД, Ангола
ГРУПА Х – МАГДЕБУРГ
Исланд, Македонија, Бахраин, Јапонија
Поврзани вести