Гевгелискиот братски тандем Узунчеви летово се раздвојува и тргнува секој по својот пат. Помладиот Димитар Узунчев ќе ја има својата прва авантура надвор од Македонија, ќе игра за словенечкиот Целје.
Постариот брат, Тодор Узунчев исто така заминува од екипата на Бутел Скопје и се враќа на југот. Ќе игра за екипата на Младост 1977 Богданци, екипа која е победник на бараж натпреварот за место во Суперлигата и следната сезона ќе игра во македонската елита.
РК Младост 1977 со огромна чест го претставува своето прво засилување за новата сезона – младиот и исклучително еден од најперспективните играчи на позиција лев бек Тодор Узунчев од Гевгелија !
Играч кој го градеше својот ракометен пат и искуство во редовите на РК Алкалоид и РК Бутел Скопје, клубови познати по создавање на врвни ракометари, сега пристигнува во Богданци подготвен да ја покаже својата сила, брзина и разорен шут !