Пуљезевиќ постојан тренер, претставен и Маргуч во Мешков Брест

Фото: БГК Мешков Брест

Белорускиот тим Мешков Брест минатата сезона ја загуби шампионската титула, но сезонава одново е првак на Белорусија, а патем е победник и на СЕХА лигата што ја играат заедно со руските клубови.
Освојувањето на СЕХА беше заокружено со именувње на Ненад Пуљезевиќ за постојан тренер на тимот. Тој беше привремено решение откако ненадејно почина Едуард Кокшаров, но добрите резултати му донесеа постојан ангажман.
За нов ракометар е преставен словенечкиот играч Гал Маргуч.
Од екипата заминуваат црногорскиот ракометар Вук Лазовиќ и белоруските репрезентативци Егор Будејко и Валентин Куран.
Меѓународниот олимписки комитет даде препораки за вклучување на руските и белоруските спортисти, а ИХФ веќе ги прифати нивните млади селекции за настап на Светските првенства. Но, на Светско првенство се доаѓа преку Европско првенство, а Европа односно ЕХФ не смее да дејствува на своја рака. Тоа беше потврдено на состанокот на Извршната комисија одржан викендов во Келн. Се дискутирало за препораките на ИОК, но си признале членовите на ИК дека оваа материја е поврзана со нивните влади и не донеле никаква одлика во врска со враќање на белоруските екипи на терените.

Поврзани вести