Младост ќе го задржи голманот Илиќ

Екипата на Младост Богданци ќего задржи и во следната сезона голманот Живојин Илиќ. Тој дојде како помош за бараж натпреварот и беше најкорисниот играч на решавачката средба со Струга по која богданчани се вратија во Суперлигата.

По успешниот бараж натпревар и обезбедениот пласман во македонската Супер лига, раководството на РК Младост 1977 и искусниот голман Живојин Илиќ постигнаа договор за продолжување на соработката.
Илиќ, кој се приклучи на нашиот клуб пред само еден месец, со своето искуство, сигурност и лидерски квалитети даде значаен придонес во остварувањето на големата цел – влез во елитното друштво на македонскиот ракомет.
Веруваме дека неговото присуство на голот со големото меѓународно искуство (Норвешка,Чешка, Босна, Србија) ќе биде од огромно значење и во предизвиците што нè очекуваат во Супер лигата, објавија Младост 1977

Поврзани вести