Photo: Mohan/Doha Stadium Plus Qatar/
Creative Commons Attribution 2.0 Generic (cropped image)
Кризата во Кил ја пушти на максимум шпекулацијата за долгонајавуваната смена на Филип Јиха од тренерската позиција. Клубот уште не се огласил, Чехот останува шприцер ладен на поразителните бројки и коментарите, но јавноста и медиумите веќе бараат наследник.
Почна како стркалана снежна топка, а сега добива обем и форма на лавина: се споменуваат Никола Карабатиќ, Ким Андерсон, Момир Илиќ, потоа Дагур Сигурдсон, Кристијан Прокоп, Гудјон Валур Сигурдсон... Меѓу најатрактивните имиња се селекторот на Данска кој е и екс играч на Кил – Николај Јакобсен и селекторот на Франција – Талант Душебаев.
Приказната оди дотаму што германски медиум веќе го контктирал Талант Душебаев и го испрашал за можноста да стане тренер на Кил, а за чудо Киргистанецот со шпанско државјанство не одговорил политички туку конкретно.
„Никој од Кил ме нема контактирано мене, ниту мојот агент“ изјавил Талант за Хендбал-ворлд. И додал дека барем годинава нема да води клуб и ќе се фокусира само на репрезентацијата на Франција. Тоа без сомнеж ќе ги израдува и француската федерација и особено неговата сопруга која е еден од најголемите противници повторно да работи клупски. Колку долго ќе може без клупски ракомет е нешто други и нешто што допрва треба да сознае. Но, како и да е, следната сезона нема намера да води клуб.