Македонија денеска игра меч со Романија во кој влогот е голем. Победа сигурно ја носи македонската репрезентација во Топ 16 екипи, а можеби и во Главната рунда на првенството. Тоа е шансата по која Македонија и дојде на ова ЕП, сега се во рацете на нашите ракометари кои низ 60 минути против романскиот тим треба да го направат финалниот чекор.
Романија не е тим за потценување, а сите поуки што треба да се извлечат пред денешниот меч беа сервирани вчера во Хернинг преку натпреварите на Србија со Австрија и на Германија со Шпанија.
„Максимално сме мотивирани, како и на секое првенство имаме поддршка од нашите навивачи, веруваме во нас и кога нешто навистина сакаш и веруваш во тоа, ќе се исполни.
Португалија и Данска се минато, сега Романија е на ред.
Се подготвуваме и за нив во текот на подготовките, не беше запоставено. Имаме изгледни шанси да се натпреваруваме со нив и на крајот на стигнеме до позитивен резултат.
Не се согласувам со констатацијата дека Романија е аутсајдер. На времето беа велесила, сега се обидуваат да се вратат на големата сцена. Имаат квалитетни играчи, играат во Лигата на шампионите и Европската лига, имаат добар тренер и мотивирани се. Ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките.
Притисокот сега е поголем, но сме докажале низ минатото дека знаеме да се носиме со притисок и дека тоа и сега нема да ни биде проблем“, изјави Жарко Пешевски.