ТРАНСФЕРИ: Нови селектори, Данецот си оди од ПСЖ, браќата Ландин повторно заедно...

📷 © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Хоакин Рокамора е новиот селектор на женската репрезентација на Шпанија. Досегашниот селектор на шпанските јуниорки ја презема функцијата што од 2023 ја извршуваше Мартин Амброс. Тој, пак, сега е тренер на машкиот тим на Ал Духаил од Катар.

​Браќата Никлас Ландин и Магнус Ландин повторно би можеле да играат во ист клуб откако се отвори можноста помладиот брат да го напушти тимот на Кил и да се врати во Данска, во екипата на Алборг.

Селекторот на машката репрезентација на Тунис, Мохамед Али Сагир и неговиот асистент поднесоа оставки од функцијата, а истите беа прифатени од туниската ракометна федерација. Тунис се пласираше на СП 2027, но селекторот незадоволен од преспективата што му се нуди и непрекинатата битка со струите во нивниот ракомет, реши да се повлече од функцијата.

Трансферот на централниот бек на Целје, Андраж Макуц во Флензбург по сѐ изгледа нема да биде реализиран, а новиот прв кандидат за следна дестинација на Словенецот е тимот на Динамо Букурешт.

Српскиот десен бек Јовица Николиќ, не толку одамна поврзуван со трансфер во Алкалоид, според неофицијалните информации во повеќе медиуми, најверојатно ќе го напушти својот нов клуб ПИК Сегед на крајот на сезоната и ќе се пресели во словенечкиот Слован.

Шпанскиот тренер Даниел Гордо и екипата на Адемар Леон место на крајот на сезоната, се разделија уште сега.

Данскиот бек Јакоб Холм не издржа долго во екипата на ПСЖ и ќе се врати во својата земја каде што ќе продолжи да настапува за екипата на Скјерн со која потпиша договор до 2030. Јакоб Холм поради повреда не беше на списокот на Николај Јакобсен за ЕП 2026.

Данецот Виктор Норлик од екипата на Морс Ту е новото засилување за екипата на Нант од Франција. Норлик игра на позицијата централен бек и треба да биде замена за Омери Мин кој продолжува во Бундеслигата, во Флензбург.

 

Поврзани вести