Абутовиќ пред трансфер во Партизан?

📷 Mkdhandball/Radovan Vujovic

Српскиот интернационалец Илија Абутовиќ е пред заминување од екипата на Еурофарм Пелистер и враќање во екипата на Партизан каде што играше на почетокот на својата кариера објави српскиот весник Спортски Журнал.

Српскиот дефанзивец најголемиот дел и најуспешниот дел од кариерата го мина во Македонија. Тој od 2007 до 2010 играше во Партизан од каде замина во Слован. Потоа беше драфтуван од Веселин Вујовиќ и во 2011 година на 23 годишна возраст пристигна во скопско „Кале“. Во дрес на Вардар остана до 2018 кога со шампионски трофеј запишан во резимето премина во Рајн Некар Ловен. Таму мина четири години, потоа уште две во францускиот Шарт, пред повторно да се врати во Македонија, во редовите на Еурофарм Пелистер каде игра важна улога во одбраната.









 

Поврзани вести