РФМ ќе организира Светско јуниорско првенство во 2027!

Најдобрите светски ракометари до возраст до 21 година, во јуни 2027 ќе дојдат во Македонија за да се натпреваруваат за титулата најдобри во светот.
По усвоената апликација и извршената инспекција Меѓународната ракометна феерација (ИХФ) му ја додели на РФМ организацијата на Јуниорското Светско првенство (У21) 2027.
Ракометната федерација на Македонија денеска ја официјализираше информацијата.

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.
На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.
Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.
Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување

Поврзани вести