Денеска: Куп на Македонија, полуфинале (ТВ Пренос)

Викендов ќе биде доделен првиот пехар во ракометната сезона, а четирите екипи кои во два дена во Струмица ќе се борат за него се Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид, односно Вардар и Алкалоид.

Тоа се полуфиналните парови. Попладнево во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 17:00 часот први на терен ќе бидат екипите на Е. Пелистер и Охрид. Неодамна играа во Битола, а победија охриѓани. Во меѓувреме и се засилија со Јапонецот Косуке Јасухира. Битолчани од тој меч беа во слободен пад се до 35 минута од дербито во Автокоманда.

Дали пресвртот што успеаја да го изведат таму значи пресврт и за други работи и начин на игра, па вечерва да сервираат освета на охриѓани?

Во 20:00 часот почнува дуелот меѓу Вардар и Алкалоид. Вардар е фаворит на овој меч, не само поради покажаното досега во првенството, туку и заради неможноста Кирил Лазаров да состави комплетен тим повеќе од еден месец.
Двата натпревари директно ќе бидат пренесувани на МТВ.

Финалето ќе се игра во недела.

Поврзани вести