Загреб такса нов тренер, поранешен селектор на Хрватска

Фото: СЕХА

Хрватскиот РК Загреб, освен што е единствен шампион на Хрватска од основањето и рекордер по број на шампионски пехари, рекордер е и по број на сменети тренери.
Годинава имаше тројца, Андрија Николиќ, Ненад Шоштариќ и Борис Дворшек (фото), а следната сезона ќе ја почне со нов тренер.
Тоа ќе биде Хрвоје Хорват, поранешен тренер на бундеслигашот Вецлар и поранешен селектор на репрезентацијата на Хрватска. Тој сезонава го води швајцарскиот клуб Кадетен Шафхаузен, но договорот му истекува во јуни и ќе се врати во Хрватска.
Со неговото доаѓање се споменуваат и одредени засилувања, но засега нема ништо конкретно и звучно освен доаѓањето на Глеб Калараш и Јовица Николиќ.

Поврзани вести