ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - СПАРТАК 33-30 (18-14)
Ризоска 7, Гугуљанова 7, Исиќ 7 - Зечевиќ 12, Николовска 10
Екипата на Ѓорче Петров е победник на Куп на Македонија за сезона 2025/2026 откако во финалето на Фајналфор турнирот што се одржа во Струмица, ја совлада екипата на Спартак.
Ѓорчепетровки беа фаворити во пресрет на овој меч, но Спартак покажа на дело дека нивниот пласман во финалето не е случајност и го држеа мечот во егал до последен момент.
Ѓ. Петров, сепак, имаше плус два плус еден во финишот и тоа им дадде доволно самодоверба во клучните напади.
Како што обично бива, целата битка се сведува на тоа што се направило во последниот напад. Попладнево, во последната минута од натпреварот Спартак напаѓаше при минус од два гола (30-32), доби и два играча плус во поле, но го промаши најважниот напад. Александар Царчев потоа побара тајм аут на 25 секунди до крајот на мечот. Спартак ризикуваше со агресивна одбрана, не успеа да пресече и остави многу простор за Армина Исиќ да погоди за водство од 33-30 што беше и конечен резултат.
ИНДИВИДУАЛНИ НАГРАДИ НА ФАЈНАЛФОР
Најдобар стрелец: Сузана Зечевиќ (Спартак)
Најдобар голман Слободанка Кицеска
МВП: Марија Гугуљанова