Денеска ќе бидат доделени првите пехари сезонава

Денеска е ден ракометно резервиран за финалните натпревари од Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. 
Фајналфор турнирите се играат во Струмица, а по полуфиналните разврски, денеска на терен ќе ги видиме екипите на Ѓ. Петров ЖРК во дуел со екипата на Спартак  во женското финале. Овој натпревар почнува во 17:00 часот.
Во машкото финале што ќе се игра во 20:00 часот, ќе се сретнат екипите на Вардар 1961 и ГРК Охрид. 

Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на МТВ. 

Поврзани вести