Лазаревски: Охрид е незгоден, но ние сме најдобри

Вардар 1961 го совлада Охрид во финалето на Куп на Македонија и го освои вкупно 18 пехар во Куп натпреварувањето.
Охриѓани беа рамноправен ривал, имаа шанса најмалку за нерешен резултат, но на крајот победи тимот што подобро знае како се победува во натпревари со трилер завршница. 

„Ова беше многу тежок натпревар. Секоја чест за момците за борбата, честитки и за Охрид кој уште една го покажа својот квалитет и амбиција. Охрид со ништо не нè изненади, сè што анализиравме се случуваше на паркетот. Нивниот голман имаше свој ден и тој беше најзаслужен што натпреварот беше вака тесен и возбудлив до крај. Мислам дека во други услови би било поубедливо за нас.
Сепак, Охрид е незгоден противник, но ние сме најквалитетната екипа во Македонија. Тоа ќе го потврдиме со двојка круна. Чест ми е што сум дел од оваа екипа, честитки за сите во клубот“, рече Лазаревски.

Поврзани вести