СП: Девојките без проблеми со Белгија

Женската кадетската репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Белгија на првиот натпревар од Светското првенство за учесници што од денеска се одржува во Скопје.

Македонската репрезентација беше убедлива на стартот на мундијалот и славеше победа од 34-12 (17-6).
Најдобар стрелец меѓу избраничките на Даниела Новеска беше Ивана Трифуновска која постигна пет гола, а погодоци постигнаа и сите други ракометарки освен голманот Диновска.

Ања Лашкоска, Руна Мифтари, Антонела Ѓеровска постигнаа по четири, Мила Лашкоска и Мила Ристовска постигнаа по три гола, Анастастија Тодоровска, Тара Аврамовска, Елена Балоска, и Бојана Георгиевска постигнаа по два, а еден погодок запишаа Неда Јанева, Марија Димовска и Сара Илиоска.
Репрезентацијата на Македонија, утре во салата „Крсте Мисирков“ ќе игра со репрезентацијата на Грузија со почеток од 10:30 часот.

Поврзани вести