-
23.4.2026
-
Планета ракомет
На состанокот на Извршната комисија на ЕХФ за време на ждрепката за ЕП 2026, беа верификувани неколку одлуки што се однесуваат на начинот на кој ќе функционираат Европските купови следната сезона.
Комплетниот изглед на ЛШ ќе биде познат кратко во Фајналфор во Келн (13/14 јуни), а претохдно ќе биде објавен и новиот надграден систем на рангирање.
Во ЕХФ Европската лига (ЕХФ ЕЛ) следната сезона, ограничен број на места би можеле да бидат слободни за промоција од ЕХФ Европскиот Куп во ЕХФ Европската лига. Едно место би можела да добие федерација.
Доколку има такви слободни ограничени места, Македонија би можела да профитира и да бара место од ЕХФ Куп во Европска Лига.
Во ЕХФ Европскиот Куп, каде што лесно може да се случи да играат две силни македонски екипи (трето и четврто место во Суперлигата), ЕХФ го резервираше правото за воведување на регионална ждрепка и можност за заштита две екипи од иста земја да не можат да играат меѓусебе во првото и второто коло.
Воведувањето на регионална ждрепка не изгледа како лоша идеја од финансиски аспект. Балканските екипи би избегнале патувања низ Скандинаивијата и Балтикот што е честа пракса и обратно.
Од натпреварувачкиот аспект, целиот квалитет на ЕХФ Европскиот Куп е сконцентриран на Балканот и доколку екипите од овој регион треба да се елиминираат меѓусебе во раните фази, тогаш и не изгледа како многу добра идеја.
Во ЕХФ Лигата на шампионите, покрај промоцијата на првакот во сигурен учесник и победникот на ЕХФ ЕЛ во потенцијален учесник на ЛШ, воведено „заштита“ од следната сезона ќе биде екипи од иста земја да не можат да играат меѓуебе во Групната фаза и во Главната рунда.
Олабавен е и трансфер законот, па следната сезона ако се исполнат т.н. специјални услови, играч ќе може да премине од еден клуб во друг уште во истата фаза од натпреварувањето.
Ова е инспирирано од повлекувањето на некои екипи од женската Лига на шампиони и неможноста нивните ракометарки веднаш да бидар регистрирани во други екипи.
Поврзани вести