УЧИЛИШНО СП: Кадетите ја надиграа Грузија

Машката репрезентација на Македонија во второто коло на училишното СП што се одржува во Скопје ја совлада репрезентацијата на Грузија, убедливо со резултат 46-13 (23-6). 
Ова беше втората победа на македонската репрезентација, откако вчера славеше победа над репрезентацијата на Бугарија. 
Тома Симоновски со 15 погодоци беше најефикасниот ракометар на македонскиот тим. Андреј Георгиев постигна девет погодици, Стефан Ѓорѓиевски беше стрелец на пет, Ѓорѓи Лешниковски и Давор Крстевски имаа по четири гола, Марко Ѓорчевски и Лука Јовиќ по три, Трајче Костов постигна еден гол. Настапиија и Атанасиј Трсунов, Мели Фехми, Петар Николовски, Христијан Вујичевски и Горазд Дамчевски. 

 

Поврзани вести