Конечно добра вест за ракометните фанови во Битола. Од сивилото на резултатите и тренерската смена, се издвојува вест што сигурно ќе ги израдува бројни фанови.
Никола Митревски, репрезентативниот голман, останува во Еурофарм Пелистер и следната сезона, со опција и годината потоа да биде меѓу стативте во салата „Боро Чурлевски“.
Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена - да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.
Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.