Кил ќе го лечи Скипаготу, нема да игра неодредено време

Германскиот Кил реши да го одмори својот најдобар играч, Елијас Елефсен а Скипаготу на неодредено време.

Бекот на Фарски острови има проблем со рамото уште од декември, а со кратки паузи успеа да дотурка до мај и притоа да биде најдобриот играч на Кил. Но, сега решија посериозно да се позанимаваат со неговата повреда и тој нема да биде во тимот додека не решат поинаку. Паузата за Скипаготу се поклопува со репрезентативните обврски на Фарски острови кои играат бараж натпревар за пласман на СП 2027 со Босна и Херцеговина во мај.

Поврзани вести