Вардар стигна на чекор до титула

Фото: Филип Вирановски/РК Алкалоид

РК ВАРДАР 1961 - РК АЛКАЛОИД  30-27 (17-14)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари од Скопје. Делегати: Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
РК ВАРДАР 1961: Валах (14 одб), Богдановски, Гогов, Стојановски 3, Воркапиќ 5, Боно, Георгиевски 1, Митровиќ 3, Танкоски, Лазаревски 1, Марчињак, Тузолана 2, Атанасовски, Силва 4, Малус 8, Јанковски 3
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (3 одб), Галевски (6 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, Велковски 1, Ивановски, Костески 6, Петковски 2, Д. Митев 2, Борзаш 3, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски 2
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.

Вардар 1961 денеска официјално го славеше својот 65 роденден, а гостин во „Јане Сандански“ во рамки на  редовното Суперлигашко коло беше екипата на Алкалоид. 
Овие два тима играа во полуфиналето на Куп на Македонија минатот викенд во Струмица, на натпревар на кој имаше многу повеќе тензија и динамика. 
Денешниот меч беше во рамките на Суперлигата, а  таму Вардар 1961 во пракса веќе ја има освоено шампионската титула. Му недостасуваа две победи во пресрет на овој меч, па можеме да констатираме дека сцената за прослава на новата шампионска титула е веќе поставена.

Вардар на овој меч настапи без Димитро Хориха, а Алкалоид и сега имаше неколку клучни повредени играчи (Марко Митев, Ѓоргиев, Никола Костески), но за одбележување е дека по пауза од речиси пет месеци на теренот се врати Валентин Карасманакис. 

На теренот, во првите 10 минути Алкалоид водеше, Вардар израмни на 4-4, а потоа во следните пет минути воспостави контрола врз играта и поведе со 9-6, а највисокото водоство го имаше во 23 минута (14-10). Алкалоид се врати на 14-15, но последните два гола завршија во мрежата на Галевски и на полувреме беше 17-14 за Вардар.
Во вториот дел Вардар зголеми на 22-17, Алкалоид се врати на 19-22, па следеа нови два гола во серија на Вардар за 24-19, по што следеше тајм аут на Алкалоид.
Лазаров и Чупиќ тестираа и 7 на 6 игра, на моменти имаше и 7 на 5, но тоа немаше клучно влијание врз движењето на резултатот. Промашувањата, а нив ги имаше повеќе на страната на гостите, влијаеа. 
Откако Алкалоид промаши пенал и зицер, Вардар зголеми на 25-19. До крајот следеа минути во кои шанса добиваа и резервистите. Темпото на натпреварот битно не се промени, Вардар го контролираше натпреварот, Алкалоид не беше во ритам да направи пресврт и во мирна завршница беше поставен конечниот резултат. 

 

Поврзани вести