Училишно СП: Девојките пресилни за Грузија

Женската репрезентација на Македонија која настапува на Светското првенство за ученици ја совлада репрезентацијата на Грузија и тоа убедливо (45-13). Со оваа победа, вклучително и вчерашниот триумф над Белгија, македонската репрезентација обезбеди пласман во 1/4 финалето на мундијалот.
Во македонската репрезентација Рона Мифтари беше најјефикасна со осум погодоци, а по пет постигнаа Мила Ристовскa и Тара Аврамовска.
Утре, македонските ракометарки ќе играат против Словачка за првото место во групата, мечот е закажан со почеток во 10:30 часот.

Поврзани вести