Клучен играч на Веспрем е неизвесен за ЛШ

Photo: IHF/International Handball Federation

Екипата на Веспрем мошне веројатно нема да може да смета на услугите на францускиот репрезентативец Недим Ремили за претстојните натпревари од 1/4 финалето на Лигата на шампионите каде што за противник го имаат вицепрвакот Фуксе Берлин.
Ремили има повреда листот на ногата, а тоа е повреда која најверојатно нема да се третира како сериозна доколку не бара операција, но е болна и е потребно време и одмор за да заздрави. Времето, пак, е луксуз што Веспрем го нема и ќе биде отворено до последен момент прашањето дали ќе го има Ремили во тимот за клучните натпревари во Лигата на шампионите.

Поврзани вести