ПИК Сегед им испрати лоши вести на Раул и Чема

Се ближи датумот за одигрување на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, а со тоа се зголемува притисокот и проблемите за селекторите што во првата половина на мај ќе ги извадат своите репрезентации на клучните дуели.

Раул Гонзалез, селекторот на Србија има сериозен проблем затоа што повреден е Лазар Кукиќ, еден од главните играчи на српскиот тим. Информациите пласирани во Унгарија, каде што тој игра за екипата на Пик Сегед велат дека треба да оди на операција и дека за него сезоната е завршена.

Проблем има и Чема Родригез, селекторот на Унгарија која во баражот ќе игра против Србија. И во таборот на Родригез неизвесен е ракометар на Пик Сегед. Рихард Бодо се повреди на тренинг и неговиот настап во баражот е неизвесен.

Поврзани вести