Училишно СП: Трета убедлива победа на кадетките

Женската репрезентација на Македонија ја запиша и третата победа на Училишното Светско првенство во ракомет што се одржува во Скопје.
По победите над репрезентациите на Белгија и Грузија, македонските ракометарки запишаа уште една убедлива победа, овој пат над репрезентацијата на Словачка.

Резултатот е 29-13 (11-7), а Рона Мифтари со седум постигнати голови беше најефикасна меѓу избраничките на Даниела Новеска Вељаноска.

Пет гола постигна Ања Лашкоска, четири погодоци запиша Ивана Трифуноска, три гола постигна Тара Аврамовска, по два гола постигнаа Мила Лашкоска, Неда Јанева, Елена Балоска и Антонела Ѓероска, а по еден гол додадоа Мила Ристовска и Бојана Ѓеорѓиевска. Разновидно и колективно одигра Македонија, а особено беше доминантна во второто полувреме.
Со овој триумф Македонија ја заокружи групната фаза и како првопласирана ќе продолжи во 1/4 финалето на СП. 
Утре е слободен ден на првенството, резервиран за  слободни активности и претставување на културните традиции на учесниците.




 

Поврзани вести