Училишно СП: Трета победа на машкиот тим на Македонија

Машката училишна репрезентација на Македонија победи и на третиот натпревар на Светското училишно ракометно првенство што се одржува во Скопје.
По Бугарија и Грузија, македонските ракометари во третото коло играа против репрезентацијата на Република Српска.
Ова беше натпревар на кој избрниците на Горан Кузманоски мораа да излезат од комфорната зона и одиграа меч што имаше драматична завршница. Првиот дел изгледаше остави впечаток дека Македонија лесно ќе дојде до победа. Имаа и плус пет македонските играчи, но во вториот дел противникот ја анулираше негативата и успеа дури и да премине во водство. Тоа беше само за момент, Македонија брзо се врати во водство и на крајот победи со 27-25.
Во последното коло од групната фаза, во недела, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Саудиска Арабија за верификација на првото место и пласман во елиминациите.

Поврзани вести