Училишно СП: Девојките против Бразил во 1/4 финалето!

Македонската женска училишна репрезентација во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет ќе игра против селекцијата на Бразил. Натпреварот се игра на (26.04.2026) во салата „Македонски херои“ во склоп на Средно Фискултурно Училиште во почеток во 10:30 часот.

Во четвртфиналето Македонија се пласира со максимални три победи, славеше против Бугарија, Грузија и Словачка.
Во групната фаза во женска конкуренција на Светското училишно првенство во ракомет се одиграа 48 натпревари. Максимален број на бодови (6) покрај Македонија, освоија Романија Хрватска и Турција.

Машката репрезентација на Македонија во недела (26.04.206) ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза. Противник е селекција на Саудиска Арабија, мечот се игра со почеток во 12:30 часот во салата „Македонско Сонце“.

Денеска е слободен ден на СП, а делегации се подготвуваат за „Вечер на Нации“, настан што ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин", со почеток во 19:00 часот.
Целта на овој настан е промоција на културните вредности на земјите учесници преку претставување на нивната традиција, обичаи и културниот идентитет.

Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан што се одржува во Македонија, а го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Поврзани вести