Училишно СП: Девојките ќе се борат за медал на СП!

Женската репрезентација на Македонија ќе се бори за медал на Светското првенство за ученици што се одржува во Македонија во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија. 

Кадетските ракометарки во 1/4 финалето на првенството беа подобри од репрезентацијата на Бразил. Ја запишаа својата четврта победа, прва во елиминациското сито и ќе чекаат противник во полуфиналето. 

Мечот со Бразил беше натпревар на нерви што македонските играчи подобро го поднесоа и откако на полувреме имаа еден гол предност (11-10), успеаја да ја задржат предноста и до крајот на натпреварот и славеа победа од 19-18 што им носи најмалку два натпревари до крајот, а и двата ќе бидат за медал. 
Ања Лашкоска со пет гола, Ивана Трифуновска со четири и Рона Мифтари со три постигнати гола беа најефикасните ракометарки во македонската репрезентација на дуелот со Бразил. 

 

Поврзани вести