Училишно СП: Кадетите одат во полуфинале!

Машката училишна репрезентација на Македонија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во ракомет, откако денеска ја запиша нова победа во групната фаза и го освои првото место. 
Македонија денеска играше против репрезентацијата на Саудиска Арабија и победи убедливо, со резултат 23-11 (10-6). 
Бобан Поповски со седум гола и Трајче Костов со пет погодоци беа најефикасните ракометари во редовите на македонскиот тим. 
Македонија со оваа победа избори место во полуфиналето на СП и ќе се бори за медал на првенството. Противник во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Србија. 
Полуфиналето ќе се игра утре во салата „Македонско сонце“, терминот, најверојатно 12:30 часот. 

Поврзани вести