Photo: Slovak Handball Federation
Се ближи моментот кога машките сениорски репрезентации повторно ќе се искачат на бината, последен пат во тековната сезона. Следува финалното сито за пласман на СП Германија 2027 во кое се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.
Нашиот најдобар тим, по резултатски успешниот настап на ЕП 2026, влезе во последниот филтер, а таму ќе се сретне со репрезентацијата на Словачка.
Првиот натпревар ќе се игра во Прешов на 14 мај, а реваншот е три дена подоцна во Скопје.
Словачка од 2022 година има шпански селектор, тоа е Фернандо Гурих кој претходно пет години работеше во Словачка со младинските репрезентации и како технички директор, па целата оваа нова генерација на словачки ракометари во извесна мерка е негова креација. За својот тим вели дека е во транзиција и дека по две до три години ќе бидат „интересен“ тим.
Тие пред дуелот со Македонија, играа бараж со Украина, двомеч на кој Словачка без проблеми победи на неутрален терен во Германија (27-24), но потоа на домашен губеше и со шест гола во првиот дел, за конечно да запише минимален пораз.
За дуелот со Македонија тие ќе бидат посилни за тројца ракометари во однос на мечот со Украина. Тоа се бекот на шпанска Торелавега, Марко Јуркович кој се врати по операција на ногата, крилото на германскиот второлигаш Десау Рослауер – Давид Мишовјук и нивниот натурализиран пикер од Украина, Сергеј Петрученко.
Фернандо Гурих објави список од 20 играчи од кои осуммина се интернационалци, од разни првенства, но не и од топ тимови.
ГОЛМАНИ:
Мариан Жернович (Будаи, УНГ), Михал Конечни (Ферлах, ГЕР), Матуш Митошинка (Татран)
ПИКЕРИ:
Шимон Макач (Бистрица), Сергеј Петрученко (Легионово, ПОЛ), Марек Палеш (Бојнице), Матуш Моравчик (Дукла, ЧЕШ)
БЕКОВИ:
Јакуб Прокоп, Марко Јуркович (Торелавега, ШПА), Мартин Потиск (Мешков, БЛР), Томаш Сметанка (Бојнице), Марек Штефина (Бистрица), Јакуб Кравчак, Лукас Урбан (Татран), Јакуб Федер (Страслундер, ГЕР), Томаш Обулани (Хлоховец)
КРИЛА:
Ерик Фенар, Марко Антл (Татран), Јурај Бријатка (Тополчани), Давид Мишовјук (Рослауер, ГЕР)