Училишно СП: Девојките ќе играат за злато на СП

Женската репрезентација на Македонија освои медал на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје. Прашањето е дали тој медал ќе биде златен.
Одговорот ќе го добиеме утре, откако нашиот тим во големото финале што ќе се игра во големата сал во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 14:00 часот, ќе се сретне со репрезентацијата на Хрватска.

Македонија денеска во полуфиналето на првенството ја совлада репрезентацијата на Турција со резултат 28-22. Резултатот е убедлив, но не беше лесна битката. На полувреме беше израмнето, а нашиот тим патот кон финалето го расчисти во последните десетина минути од натпреварот.
Ивана Трифуноска беше најефикасна во нашата репрезентација со 9 погодоци, а Марија Димоска го заврши мечот со четири гола, Мила Лашкоска и Елена Балоска постигнаа по три погодоци.

Поврзани вести