Македонија денеска во две финалиња на СП

Двете македонски репрезентации денеска (вторник) ќе играат во финалето на Светското првенство за ученици што се одржува во Скопје.
Финалните натпревари ќе се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот ќе биде слободен. 

Женската репрезентација ќе се сретне со соодветната репрезентација на Хрватска, а тој натпревар ќе почне во 14:00 часот. 
Машката репрезентација во финалето на СП за ученици ќе се сретне со репрезентацијата на Израел. Тој натпревар ќе почне во 16:00 часот. 

Поддршката од трибините ќе биде добредојдена за младите македонски ракометар(к)и кои добија уникатна шанса со несекојдневен успех да ги почнат своите репрезентативни кариери. Досега со одиграното, прикажаното и односот кон националниот дрес заслужија денеска да имаат полна поддршка од публиката и да го направат најважниот, последниот чекор. 

 

Поврзани вести