Училишно СП: Машкиот тим ќе игра во финалето на СП!


Двете македонски репрезентации се пласираа во финалето на Светското првенство за ученици што се одржува во Скопје, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Женската репрезентација претпладнево се пласираше во финалето на СП со победа над Турција во полуфиналето, а потоа се пласираше и машката репрезентација која во полуфиналето ја совлада репрезентацијата на Србија, убедливо со 30-19 (14-10).

Бобан Поповски со седум гола и Стефан Ѓорѓиевски со пет погодоци овој пат беа најдобрите стрелци во тимот на Горан Кузманоски.

Македонија утре во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу репрезентациите на Хрватска и на Израел.

Двата финални натпревари ќе се играат утре во салата „Јане Сандански“. Финалето во женска конкуренција е закажано за во 14:00 часот, а во машка конкуренција ќе се игра со почеток од 16:00 часот.

Поврзани вести