Училишно СП: Остана уште еден чекор до шампионскиот пехар

Уште еден натпревар остана за машката репрезентација на Македонија која настапува на Светското првенство за ученици во Скопје. 
Последниот меч е најважниот. Нашите ракометари имаат медал во џеб, но големата желба е тој медал да биде златен. 
Денеска од 16:00 часот во салата „Јане Сандански“, Македонија против Израел ќе игра за шампионскиот пехар. Влезот во салата е слободен. 

„Благодарност до играчите, покажаа карктер иако не беа лесни последните два меча против Саудиска Арабија и против Србија. Одбраната го реши победникот против Србија.
Им реков на момците ако го спроведеме нашиот систем нема да имаме проблем. Реално пред почетокот на Светското училишно првенство амбициите беа да играме финале и да освоиме медал, тоа го исполнивме. Морам да напоменам дека ние дојдовме од Медитерански Игри, доста играчи се преморени, никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат, само доаѓаа за да одиграат натпревар и си одеа. Но, сето тоа заедно го пребродивме, се пласиравме во финалето и се надевам на добра игра. Финале е секој може да победи“, изјави селекторот Горан Кузманоски.

Поврзани вести