Поширок список на селекторот Лазаров за бараж со Словачка

Машката репрезентација на Македонија на 13 мај во Прешов и на 17 мај во Скопје ќе ги одигра двата бараж натпревари со репрезентацијата на Словачка, натпревари по кои една од овие две репрезентации ќе се пласира на Светското првенство што ќе се одржи во Германија во јануари следната година. 

Селекторот на Македонија беше обврзан кон ЕХФ да испорача список од 35 ракометари од кои ќе биде селектиран тимот што ќе настапи на овие два натпревари. Овој список не може да се менува или дополнува. 

На овој список нема поголеми изненадувања. Очекувано со оглед на тоа дека околу два месеца не е на терен го нема Мартин Серафимов. Малку поголемата минутажа што ја добива во Вардар 1961 на списокот го донесе голманот Васил Гогов, па сега Лазаров има пет голмани од кои ќе треба да одбере за овие два натпревари. Истото важи и за левото крило на црвено-црните, Марио Стојановски. 
На списокот од 35 играчи, Лазарог ги пријави и Филип Талески од Татабања и Дејан Кукуловски од ГРК Охрид. 
Ален Ќосевски и Димитар Узунчев се уште двајца ракометари кои потенцијално можат да добијат шанса да играат за првиот тим, а повратник по повредата е Валентин Карасманакис. 


Поврзани вести