ГРК Охрид ќе враќа пари за билети

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид, новиот победник на ЕХФ Европскиот Куп, денеска постави објава на својот профил на социјални медиуми со кој соопштува дека на сите кои купиле билет и не успеале да влезат во салата, средствата ќе им бидат рефундирани во петок од 17-19 часот на билетарницата пред салата.

Бесот на оштетените е оправдан, а коментарите на постот се забранети. Бројките со кои се шпекулира, не можат со сигурност да бидат потврдени.

Салата беше преполна, што значи дека голем број на гледачи што немале билет успеале да влезат и да им го земат местото на тие што чесно си платиле и се радувале дека ќе го гледаат големото финале во живо.
Ова е сурова потврда на нивото на спортската култура меѓу гледачите, но и неспремност на организаторот да излезе на крај со ваков предизвик. Лекцијата е тука за да се научи, следната сезона ќе биде вистинска проверка  на ова поле. 

Поврзани вести