ЕХФ испитува расизам во „Билјанини извори“

Европската ракометна федерација објави службено известување дека покренува истрага за евентуална дисциплинска постапка против ГРК Охрид за наводно расистички испад од трибините кон ракометарот на Татабања, Деметри Баптист.

ЕХФ подвлекува дека нема да толерира расистички испади кон кого било, па ако се утврди дека имало такво скандирање кон Баптист, можно е на ГРК Охрид да му биде изречена казна, а таа наверојатно ќе биде парична во полош случај празни трибини и мошне веројатно дел би била условна затоа што Охрид нема историја на инциденти, а и праксата на ЕХФ е таква.


 

Поврзани вести