Турција и С. Арабија добија вајлд карти за СП 2027!

Photo: Turkyie Hentbol Federasyonu

На ден пред ждрепката за групната фаза за Светското првенство 2027 што ќе се одржи во Германија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги додели двете вајлд карти и го комплетираше списокот на учесници на следниот мундијал.

ИХФ овој пат излезе од комфорната зона и вајлд картите не ги подели според очекувањата. Турција и Саудиска Арабија добија вајлд карти и станаа дел од Светското првенство.

Принципот на доделување беше една европска, една неевропска репрезентција при што Саудиска Арабија која беше долгорочен партнер на ИХФ во организирањето на Супер Глоуб ја доби предноста пред не многу силната конкуренција.

Европската конкуренција, пак, беше многу силна, затоа што очекувањата беа пред сите Унгарија, а потоа и Швајцарија, Австрија, Холандија или пак Чешка или Црна Гора да имаат многу посилни адути. Но, овој пат овие ракометни репрезентации ќе ја платат целата сметка за поразите во бараж натпреварите.

Турција е голем и неискористен пазар и ИХФ ќе игра на таа карта. Многубројна држава во која фудбалот и кошарката се добро финансирани и со изградени брендови за разлика од ракометот каде единствено Бешикташ опстојува како крупен и звучен играч. Валјд картата сигурно е обврзувачка за нивната федерација да одработи повеќе проекти и секако ќе видиме како тоа ќе изгледа во иднина. 

Поврзани вести