Ракометно Ел Дорадо на Блискиот исток

Сезоната во Европа ќе заврши за 10 дена со Фајналфор турнирот во Келн, а во меѓувреме од 6 до 15 јуни во Кувајт ќе се одржи Азискиот шампионат што е пандан на европската Лига на шампиони.
Екипите од Блискиот исток доминираат во ова натпреварување, а нивната политика е купување на странски засилувања непосредно пред турнирот.
Немаат неограничени можности, дозволени се пет странски играчи, но во ростер за натпревар дозволено е да имаат само четворица.
Тоа право го користат максимално и голем број на европски играчи направија кратки трансфери на Блискиот исток.


Поранешниот ракометар на Металург, Владан Липовина и двајца натурализирани играчи од Куба: Франкис Марзо и Виктор Итуриза ќе му бидат нови соиграчи на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во екипата на ФЦ Кувајт на азискиот шампионат.

Македонскиот тренер Данило Брестовац во екипата на Ал Араби на располагање ќе ги има Педро Валдез, Георги Чковербадѕе, Н’танзи Саду и Игор Турченко.

Покрај довчерашниот голман на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, довчерашниот ракометар на Вардар, Димитро Хориха, и познатиот црногорски бек Јанко Божовиќ ќе игра за Ал Калеј од С. Арабија на Азискиот шампионат.

Урош Митровиќ од екипата на Вардар, црногорскиот бек Радојица Чепиќ од екипата на Луцерн и португалскиот ракометар Даниел Невеш од унгарскиот Ѓинѓеш се три од петте дозволени странски засилувања за екипата на Ал Најма за Азискиот шампионат што почнува на 6 јуни во Кувајт.

Кувајтскиот клуб Бурган се одлучи за египетски засилувања за претстојниот азиски шампионат. Покрај Косуке Јасухира, таму ќе играат и Абдул Хамид, Набил Шариф и Мошен Рамадан, египетски бекови позајмени од Ал Ахли од Каиро.

Поранешниот плејмејкер на Барса, Ханиел Лангаро, екс голманот на Е. Пелистер, Карим Хендави, потоа натурализираниот романски играч Хавиер Хумет и уште еден романски ракометар, Калин Деду ќе играат за екипата на Ал Духаил од Катар на Азискиот шампионат.

Екипата на Ал Шарјах од ОАЕ ги промовираше египетските бекови Хишам Салах и Џамал Салах, за засилувања за Азискиот шампионат. Двајцата се позајмени од екипата на Замалек од Египет.

Французинот Николас Клер и Бразилецот Леандро Алвес ќе играат за кувајтскиот Ал Сулабикат на азискиото првенство.

Поврзани вести