Раул комплетно го ремонтираше Партизан, дојде и нов голман

Photo: RK Partizan

Раул Гонзалез и белградски Партизан продолжуваат со склопувањето на црно белата играчка сложувалка, а последното име во нивниот тим е голман што доаѓа од екипата на Келце. По неуспешниот обид да го доведат Данецот Јаник Грин или да се договорат со словенечкиот голман Клемен Ферлин, во Партизан ќе пристигне Бекир Чордалија, голман што своевремено од БиХ пристигна во Келце како дел од пакетот голмани што требаше да го заменат Андреас Волф.

Најавите од Белград се дека со ова е затворен ростерот во кој нови играчи се Илија Абутовиќ (Пелистер), Тобијас Вагнер (Лимож), Милош Кос (Ерланген), Владислав Кулеш (Мелзунген), Мигел Санчез Мигаљон (Бенфика), Јоав Лумбросо (Динамо) и уште двајца ракометари од Металопластика (Паповиќ и Мирковиќ).

На толкав прилив на играчи и одливот мораше да биде голем, а тоа изгледа вака: Никола Зечевиќ (Охрид), Миха Котар (Е. Пелистер), Вељко Поповиќ (Балатон), Ливију Каба и Габриел Илие (Констанца), Владимир Јефтиќ (Металопластика), Марко Николиќ, Страхиња Станковиќ...






 

Поврзани вести