МЕЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ 32-27 (17-13)
Бундсен 2 (17 одб), Букти 8, Валентини 7 – Маслова 7, Јенсен 4
Бојана Поповиќ годинава имаше шанса да стане првата жена што станала европски првак како играч и како тренер, но не ја искористи. Нејзиниот ЧСМ Букурешт денеска во првото полуфинале на ЛШ, беше поразен и елиминиран од францускиот тим Мец.
Утре, втор пат во својата историја Мец ќе игра во финале со шанса да стане првиот француски тим што ја освоил ЛШ.
Денешниот дуел меѓу Мец и ЧСМ Букурешт мина во целосна резултатска контрола на франвуските ракометарки. Разликата во квалитет можеби не е голема, но разликата во стилот на играта е. Французинките беа побрзи, подобро антиципираа и се движеа на теренот од својот физички посилен и поробусен противник.
Но, голманот Јохана Бундсен ја запре надворешната линија на ЧСМ. Запиша 17 одбрани, дел од нив завршија како асистенции во контра напади, а постигна и два гола.
Мец брзо поведе со три гола разлика и потоа резултатот се движеше меѓу три, пет и седум гола разлика. ЧСМ не успеа да го наметне својот ритам и да ги контролира настаните на теренот, мораше постојано да брка резултат, но тоа за нив денеска беше невозможна мисија.