ТВ ПРЕНОС: Ф4 НА ЛШ ВО БУДИМПЕШТА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
15:00 МЕЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ – ТВ АРЕНА СПОРТ 3 ПРЕМИУМ
18:00 БРЕСТ – ЃЕР – ТВ АРЕНА СПОРТ 3 ПРЕМИУМ


Финалниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција почнува денеска, а на програмата се полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот што ќе се игра во Будимпешта, Унгарија.
Лигата на шампионите се игра во Ф4 формат од 2013/14, а најуспешен тим од тој момент досега е екипата на Ѓер која има освоено шест од нивните вкупно седум шампионски пехари.
Им недостасува уште еден за да се израмнат со легендарниот Хипо по бројот на победи во ЛШ. Најуспешен тим со 13 победи во ЛШ, останува Спартак Киев.

Овој Ф4 турнир е шанса и за црногорската ракометна легенда Бојана Поповиќ уште еднаш да се запише во историјата. Ова е шанса за неа да стане првата жена што ја освоила ЛШ како играч и како тренер. Поповиќ има шест шампионски пехари освоени како играч со екипите на Слагелсе, Виборг и Будуќност. Сега е тренер на романскиот тим ЧСМ Букурешт.

Двете француски екипи, Мец и Брест ќе се обидат да го прекинат францускиот пост и едната од нив да стане првиот француски женски тим што ја освоил ЛШ. Мец учествуваше на три од последните четири Ф4 турнири, но не стигна до финалето. Брест, пак, има едно финале во ЛШ и тоа е засега најголемиот успех на француските екипи во елитата.

 

Поврзани вести