Ѓер е во финале, Брест се исплаши од победа

Photo: Wikimedia Creative Commons CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication.


ЃЕР – БРЕСТ 31-30 (17-16)
Хаусер 9 - Вјахирева 7, Лот 6

Екипата на Ѓер ќе игра во финалето на Лигата на шампионите каде што ќе се сретне со екипата на Мец. Вечерва во полуфиналето, екипата на Ѓер ја совлада минимално екипата на Брест (31-30) и спречи француско финале во ЛШ. Ѓер утре ќе се бори за својата осма шампионска титула, а Мец за првата не само за себе туку воопшто за француските екипи.

За разлика од дуелот меѓу Мец и ЧСМ, средбата меѓу Ѓер и Брест беше вистинска војна цели 60 минути во која имаше три црвени картони (два директни), имаше многу жестоки дуели, многу грешки...

Ѓер водеше во најголемиот дел од натпреварот, но Брест ја имаше победата во своите раце. Во 58 минута имаа гол предност и освоена топка. Ракометарките на Пер Јохансон беа во панична состојба готови да се помират со поразот, но и Брест беше во серија на грешки, а нивниот тренер, Рафаел Тервел тајм аутот го чуваше за последната минута.
Брест продолжи да греши, а кога Тервел конечно побара тајм аут, на семафорот беше 31-30 за Ѓер. Не успеаја ниту во последниот напад француските ракометарки да постигнат гол, нивната црна серија е еден гол во последните 10 минути од натпреварот, а тоа против екипа каква што е Ѓер е непростливо.

Поврзани вести