Мец е новиот европски шампион!

Photo: EHF/Kolektiff

ЃЕР – МЕЦ 29-31 (17-18)
Де Паула 7, Станко 5, Хаусер 5 – Букти 12, Гранву 3...


Екипата на Мец е новиот европски шампион. Нивна прва шампионска титула и воопшто прв пат француска екипа победува во европската Лига на шампиони.
Пред 20.000 гледачи во МВМ Дом во Будимпешта, во финалето на Лигата на шампионите, екипата на Мец го совлада условно кажано домашниот тим Ѓер со 31-29.
Пикерот на Мец, Сара Букти (фото) која по овој меч го менува тимот и се сели токму во Ѓер беше МВП на натпреварот со 12 постигнати гола. Немаа решение за нејзината игра цели 50 минути унгарските ракометарки. Во последните 10 кога беше евидентна кризата кај Мец, не се провлече како во полуфиналето унгарскиот тим и мораше да ја предаде шампионската титула на француските ракометарки.

Ѓер ја контролираше играта во првиот дел, во најголем дел од првиот дел. Нивните шутеви од девет метри беа мистерија за вечерва слабите голмани на Мец и мечот се играше по нивни ноти. Но, Мец иако нема толкав ростер исполнет со звучни имиња, имаше подобра игра од Ѓер. Лена Гранво и Сара Букти функционираа како часовник. Брзината на Мец беше подобра од таа на Ѓер и на полуреме се сврте резултатот и Мец замина со гол предност.

На почетокот на вториот дел се разлетаа како оси француските ракометарки и комплетно го преземаа ритамот. Ѓер, одново како и во полуфиналето беше во состојба на паника и одеше од грешка во грешка што во еден момент ги однесе до минуст шест и загубена топка некаде на почетокот на 50 минута.

Следеа неколку нереализирани напади на Мец од кои барем за два можеме да зборуваме за судиски превид или грешка по што полека Ѓер се врати во ритам. Направи серија од 4-0 домашниот тим и опасно се доближи, на само минус два гола разлика.
Но, во клучните моменти голманот Бундсен спречи поголема драма, а во нападот Лулу Борг, ракометарка која пред две години во Скопје стана светски јуниорски шампион постигна клучен, веројатно пресуден гол за конечна победа од 31-29 на Мец и прва шампионска титула за Франција.

Третото место му припадна на тимот на ЧСМ Букурешт кој во предиграта на големото финале ја совлада екипата на Брест. 

 

Поврзани вести